fbpx

Спречен атентат врз принцот Чарлс

-

Шест лица се уапсени во Ирска под сомневање дека ковале план за атентат на принцот Чарлс и на неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила Паркер Боулс, за време на нивната посета на зелениот остров закажана за следната недела.

Се претпоставува дека уапсените се поврзани со ИРА или некоја друга илегална сепаратистичка организација, какви има сè повеќе во Ирска и кои, според законите на Обединетото Кралство, се сметаат за терористички организации.

Уапсените се на возраст од 21 и од 62 години и се приведени во станицата во градот Граде, кој е на еден час оддалеченост од Маламор, каде Чарлс би требало да мине дел од четиридневната турнеја во Ирска.

Полицијата открила експлозив и оружје на различни места при повеќе од 20 рации, кои имале цел да ги разбијат републиканските групи.

Чарлс, за време на посетата, требало да му оддаде почест на својот ментор, лорд Маунтбатен, кого ИРА го уби во бомбашки напад во 1979 година, заедно со синот и со ќерката, разнесувајќи го во воздух нивниот брод.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...