fbpx

Нема напредок на лидерската средба

-

Извори од СДСМ информираат дека нема напредок на лидерската средба, која во моментов се одржува во Клубот на пратеници.

Според нив, никој не отстапува од првичните позиции и секој на маса ги објаснува своите аргументи.

Како што информираат неофицијално, амбасадарот на САД, Џес Бејли, и шефот на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, се само набљудувачи и досега немаат дадено ниту еден предлог.

Вториот дел од средбата само што почна.

– Во една тешка недела за државата, се сретнавме да дадеме заедничка поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест и на осуда на насилството, без разлика дали во криминални или политички цели. Ние, исто така, се согласивме да продолжиме со дијалогот за унапредување на евроатланската агенда за доброто на граѓаните – се вели во заедничката изјава на политичките лидери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...