fbpx

Почна лидерската средба, Груевски првпат стигна предвреме

-

Почна лидерската средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

На средбата, како гости, присутни се амбасадорот на САД, Џес Бејли, како и на Мисијата на ЕУ, Аиво Орав.

Прв на состанокот пристигна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, придружуван од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и од пратеникот Илија Димовски.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна заедно со потпретседателката на партијата, Рената Десковска-Треневска.

Лидерите на политичките партии, пред средбата, не застанаа да направат заедничка фотографија.

Заинтересираноста за средбата е голема, не само кај домашните, туку и кај странските новинари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...