fbpx

МВР: Идентификувани телата на командант Нато и на командант Бегу, уапсен командант Соколи

-

По завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група, Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото на Интерпол Скопје, почнало со процедура за потврдување на идентитетот на лицата.

Како што информираат од МВР, досега бил потврден идентитетот на Мирсад Ндрецај (36), познат како командант Нато, за кого, според полицијата, постојат сомневања дека бил еден од лидерите на групата ликвидирана во полициската акција во кумановско Диво Насеље.

„Пристигна позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај, роден 25 декември 1977 година, од Косово, познат како командант Бегу. Од починатите потврден е и идентитетот на Нусрет Каљоши, роден 18 април 1975, инаку македонски државјанин“, стои во соопштението од МВР.

Покрај нив, додаваат од министерството, преку Интерпол бил потврден и идентитетот на Сами Укшини (48), од Косово, познат како командант Соколи, кој ѝ се предаде на полицијата.

Од МВР велат дека продолжува процесот на идентификација и на останатите од групата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...