fbpx

Груевски: Поднесоа оставки за нормализиција на државата

-

„Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков поднесоа оставки за да придонесат за нормализација во државата и несакајќи да бидат причина за понатамошно продлабочување на кризата. Се работи за личности кои дадоа огромен придонес во текот на својата работа. Тие останаа максимално професионални и покажаа огромен патриотизам во време на турбуленции и на предизвивици во земјава. Од нив можеше да се научи како се бранат интересите, како се прават реформи во МВР“, изјави премиерот Груевски во обраќањето на вонредната седница на која се констатираат оставките на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков.

– Секогаш цврсто беа зад интересите на својот народ. Успешни операции се изведоа во периодот на нивното работење. Заслужуваат почит и поради нивната одлучна борба против криминалот. Беа одлучни во намерата да ги исполниме нашите ветувања. Во нив имав и ќе имам огромна доверба – рече Груевски.

Според него, Јанакиески е фанатичен работник, стручен и чесен човек и министер.

– Многу ќе ни недостасува во Владата, работеше и по 15 часа на ден. Тој беше дел од најкрупните реформи во Министерството за транспорт и врски, ќе остане запамтен работник и пријател. Јанакиески беше вистински стратег, министер кој остава зад себе многу дела и капитални проекти – истакна Груевски.

Предлагајќи ги Чавков и Мисајловски за нови министри, Груевски рече дека станува збор за луѓе кои во изминатиот период се длабоко навлезени во работата на министерствата и дека посветено ќе продолжат да ги спроведуваат и реализираат проектите на Владата.

– Станува збор за професионалци, без ниту една дамка, динамични и вредни. Убеден сум дека ќе дадат огромни резултати и ве повикувам да го прифатите мојот предлог – рече премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....