fbpx

Протести за Мартин Нешковски и во Битола

-

Протести поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски се одржуваат и во Битола. Поголема група граѓани тргнаа од фонтаната во центарот на градот и преку Широк сокак, се уаптија до МВР.

Битолчани масовно излегоа на денешениот протест, a во моментов толпата е пред зградата на Општината, од каде протестантите бараат оставка од Владата и од локалната власт.

„Бомбата“ на опозицијата за убиството на Мартин Нешковски крена на нозе преку 3.000 граѓани на Битола, мажи, жени и деца. Демонстрантите извикуваа „убијци“, а носеа и транспаренти: „Полицаецу фрли го пендракот“.

Пред општината девојчиња им делеа цвеќиња на полицајците. Протестот почна во 18 часот кога толпата почна да се собира пред Офицерскиот дом во Битола, потоа граѓаните тргнаа по Широк сокак, се до зградата на СВР Битола и се упатија кон зградата на локалната власт. Видливо е засиленото полициско обезбедување, но протестот засега поминува мирно и без проблеми.

Како што јави, пак, нашиот дописник од Прилеп, еден час пред најавениот протест против полициската бруталност во Прилеп полициските единици за брзо распоредување се распоредија во центарот на Прилеп, каде е закажан протестот.

Иницијаторите на настанот апелираа за масовност на овој мирен протест, кој наиде на силен одзив кај прилепчани и по социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...