На церемонија по повод завршувањето на реновирањето на здравствениот дом во Гевгелија, денеска ќе учествуваат амбасадорот на САД, Џес Бејли, и директорот на здравствениот дом во Гевгелија, Томислав Петков.
Европската команда на Армијата на САД го финансираше проектот во вредност од 323.000 долари, при што беа поставени нов покрив и нова фасада, а беше извршено и целосно реновирање на центарот за педијатриска нега, на одделот за имунизација и на тоалетите на вториот кат во Здравствениот дом.
Ова реновирање значително ќе го подобри квалитетот на медицинската нега за граѓаните во поширокиот регион на Гевгелија.