fbpx

Повеќе од 70 издавачи на Саемот на книга

-

Повеќе од 70 издавачи ќе се претстават на 27. по ред Саем на книгата, кој ќе се случува во „Метрополис арена“, на 3.000 квадратни метри, од 5 до 11 мај.

– Ова е саем кој го истакнува убавиот пишан збор. Саемот на книгата 2015 претставува жива збирка на многу дела, автори, литературни читања, стручна литература и на многу печатени страници на кои има и што да се прочита. Сите што се во потрага по каква било книга, посакуван наслов или литература, тоа ќе можат да го пронајдат токму овде, на Саемот на книгата, од 5 до 11 мај на Скопски саем – изјави комерцијалниот директор на Скопски саем, Валентина Димитрова.

Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации, а на годинашниот ќе може да се најдат дела од домашни и од странски автори, современи и класични литературни дела, стручна и научна литература, белетристика, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и на уметноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...