fbpx

По ГТЦ, Центар планира референдум и за паркиралиштата

-

По завршувањето на првиот референдум за зачувување на автентичниот изглед на Градски трговски центар, јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар (ПОЦ)“ планира да покрене иницијатива за втор референдум за да ги преземе сите паркиралишта во Центар, дури и тие со кои сега стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое е под капата на Град Скопје.

„Во изминатите неколку недели, директорот Саша Богдановиќ оствари бројни средби со граѓани на кои се дискутираше за плановите и за проблемите со јавните паркиралишта. Како најголем проблем се посочуваше тоа што со станбените улици што се наоѓаат на територијата на општина Центар стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Бидејќи овој спор трае веќе подолго време, ние, од ЈП ПОЦ покренавме многу иницијативи за решавање на истиот, но, за жал, сè уште немаме одговор од надлежните институции. Планираме по завршувањето на првиот референдум, да распишеме нов за паркиралиштата. Идејата е преку овој референдум, ПОЦ да ги преземе сите паркиралишта во општината“, пишува во соопштението на ПОЦ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...