fbpx

Жителите од општина Маврово – Ростуше се без струја 

-

Селата од мавровско-реканскиот крај од синоќа се без електрична енергија, по обилните врнежи од снег што во текот на вчерашниот ден  во овој регион формираа снежна покривка од триесетина сантиметри.

Од големите наноси од снег има повеќе дефекти на дистрибутивната мрежа на ЕВН, паднати се и неколку столбови. Екипи на ЕВН работат на терен, но од компанијата не прецизираат кога овој крај ќе добие струја.

Снежните врнежи синоќа предизвикаа и неколку застои во сообраќајот на делницата Маврово – Дебар и кон планинскиот премин Стража.

Според Јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот моментално се одвива без прекини, но во зимски услови.

Се препорачува користење зимска опрема.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.