fbpx

Светски ден на аутизмот

-

Осми пат денеска, се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од Генералното собрание на Обединетите нации, за да се сврти светското внимание кон аутизмот како глобален здравствен проблем во подем.

Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое го имаат десетици милиони луѓе низ светот, а кое кај мажите се јавува четирипати почесто отколку кај жените. Родителите на децата со аутизам најчесто ги забележуваат знаците во првите две години по раѓањето.

Секоја година на 2 април се организираат настани и активности кои целат да ја подигнат свеста на јавноста за аутизмот, да информираат за важноста на раната дијагноза и на раната интервенција и да помогнат во собирањето средства за потпомагање на лицата со аутизам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...