Украинската полиција пронашла две експлозивни направи во главниот град Киев, по утринската детонација во која нема повредени, пренесуваат локалните медиуми.
Експлозивната направа е активирана на влез на банка, во улицата Боршагоскаја. Детонацијата предизвикала материјална штета на објектот.
Експертите собрале остатоци од направата и ги испратиле на лабораториско испитување, соопшти Министерството за внатрешни работи.