Полицијата во Тирана употреби солзавец против демонстрантите кои фрлаа молотови коктели

Демонстрантите ја обвинуваат владата на премиерот Еди Рама за корупција и непотизам

-

Полиција употреби солзавец за да ги растера опозициските демонстранти, кои фрлаа молотови коктели и други пиротехнички средства врз разни институционални објекти, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите ја обвинуваат владата на премиерот Еди Рама за корупција и непотизам. Рама е на власт од 2013 година и победи на три последователни избори.

Тие исто така се бунат за тоа лидерот на опозициската партија и поранешниот премиер Сали Бериша е во домашен притвор, поради обвиненија за корупција за време на неговиот мандат. Бериша негира каква било злоупотреба на својата функција.

Демонстрантите исто така побараа ослободување на пратеникот Ервин Салијанји, кој беше приведен минатата недела поради „лажно пријавување“. Салијани негираше дека сторил злодело и рече дека неговото апсење е политички мотивирано.

Повеќе од илјада полицајци беа распоредени низ улиците на Тирана, додека илјадници поддржувачи на десничарската опозиција одеа од една до друга зграда, фрлајќи молотови коктели, камења и други цврсти предмети.

Демонстрантите се судрија со полицијата пред канцеларијата на премиерот Еди Рама, а потоа продолжија кон седиштето на неговата Социјалистичка партија каде запалија плакат на Рама. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.

Демонстрантите повторно се судрија со полицијата пред Министерството за внатрешни работи и канцеларијата на градоначалникот на Тирана, кој е член на партијата на Рама. Демонстрантите потоа маршираа низ градот, кршејќи билборди и други општински имоти и палејќи контејнери за ѓубре. Полицијата повторни употреби солзавец кога демонстрантите се приближија до парламентот.

„Обединете се со нас, ова е граѓанска непослушност. Сите леви и десни, пензионери и студенти, родители, сите сте биле ограбени“, рече на мегафон демонстрантот Ергес Ескиу.

Полицијата соопшти дека 10 полицајци биле повредени од бензински бомби и други цврсти предмети.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...