Од страна на Владата е почната комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да финализираат и истите да резултираат со утврдување на пристап кој е најповолен и преку кој ќе се изнајде најдобра методологија за распределба на парите.
Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, а во врска со предвидените владини мерки – 250 евра ваучери за студентите за купување електронски уред и финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади.
„Целта е да се изнајде најповолно решение каде компаниите ќе ги обезбедат електронските уреди, а исплатата ќе биде извршена преку ваучерите кои ќе бидат наменети за сите студенти“, рече Митева.
Станува збор за ваучери од 250 евра за купување електронски уреди – лаптопи, таблети, образовен софтвер.
„Сето ова им е потребно на младите за да успеат во денешниот дигитален свет. Пристапот до електронски уреди е од клучно значење за ефективно учење“, рече Митева.
Повеќе детали околу двете мерки, како и за начинот на кој студентите ќе можат да аплицираат за ваучер се најавени за крајот на годинава.
Премиерот Христијан Мицкоски новите мерки за студентите ги најави на завчерашната дебата на јавниот сервис МРТВ.
Премиерот Мицкоски најави ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти