МВР: Труење е веројатна причина за смртта на мајката и ќерката од Слатино

По наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството - татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив

-

Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете.

„Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето. Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство“, се вели во соопштението на МВР.

Дополнително, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. 

Доктор од селото Теарце вчера околу 14 часот бил повикан за интервенција, каде што констатирал смрт кај 36-годишна жена и нејзината четиригодишна ќерка во нивната семејна куќа. Докторот бил повикан од мајката на починатата жена, која претходно ги нашла двете тела без знаци на живот.

Сопругот на почината жена, заедно со малолетниот син, според информациите од полицијата, биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за да им биде укажана лекарска помош.

МОН: Историја, географија, физика, хемија и биологија повторно ќе бидат посебни предмети

Направени се измените на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта, информираат од Министерството за...