Играта за деца „Bear and Breakfast” е бесплатна за преземање на Epic Games до утре (четврток).
Станува збор за одлично сработена игра за деца која е наменета, низ детален микроменаџмент на предмети во играта, да уредувате и да градите куќа со мечка- мајстор како комичен лик. Ова им дава храброст на децата да вршат и покомплицирани задачи.
Играта не може а да не нè потсети на две референци од цртани филмови за деца. Првата сличност е со ликот на мечката Балу во цртаниот на Дизни за Могли базиран на книгата „Книга за џунглата” од Рајард Киплинг. И самиот наслов на играта „Bear and Brekfast” очигледно е инспириран од песната „Bear Necessities” од Дизни која постарите генерации добро ја знаат:
Друга референца што може да се повлече е ултра популарниот цртан филм во Македонија „Маша и Медо”. Има и релативно нов YouTube канал за истиот цртан филм синхронизиран и на македoнски јазик.
Сепак, играта Bear and Breakfast има вметнато и доста комични елементи што ја прават играта многу позабавна за децата.
Ова е упатството како да се добие играта:
Се оди на веб-страницата на Epic Games и се симнува launcher платформата како програмче, се прави корисничка сметка и потоа само со скролање надолу се оди до секцијата „Бесплатни игри“ и се прави „Claim” на играта за 0 евра, за што се добива и нотификација на и-мејл. На ист начин може да се преземаат нови игри секоја недела. Оваа игра од утре ќе чини околу 20 евра.