Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, Северна Македонија засега во ќорсокак

Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Северна Македонија, јавува Еурактив

-

Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Северна Македонија, при што првите кластери на преговори ќе бидат официјално отворени на 15 октомври, според едногласната одлука на амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија донесена вчера. Ова го изјавил портпаролот на бугарскиот постојан претставник на Советот на ЕУ за Еурактив.

Патот на двете земји од Западен Балкан кон членство во ЕУ беше споен со почетокот на преговорите официјално започнати во летото 2022 година. Двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите. Белери, кој во меѓувреме беше избран за европратеник од Грција на изборите во јуни, беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент.

Во вторникот Грција објави дека спорот со Тирана е решен и земјата може да го отвори првиот преговарачки кластер.

„Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредување на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да направи одлучувачки чекор кон пристапувањето во ЕУ“, јави Еурактив.

Албанија на 15 октомври ќе одржи Меѓувладина конференција со ЕУ, на која ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, во кој се вклучени и поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...