Осмо обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Мерко поставил в.д. директор на основно училиште кој не бил од редот на вработените, што е спротивно на Законот за основно образование

-

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Тој незаконски поставил вршител на должност – директор во основно училиште. Имено, Законот за основно образование предвидува дека в.д. директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, а Мерко на 12 јануари 2022 година за вршител на функцијата во училиштето во с. Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.

„Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето“, соопшти обвинителството.

Ова е осмото обвинение против Мерко.

Приведен тетовец – на социјалните мрежи направил лажен профил од малолетничка и ја уценувал за секс

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово, тетовско. Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име...