Кој победи на потпретседателската дебата во САД меѓу Џеј-Ди Венс и Тим Волц?

Рамномерната дебата фокусирана на политиката, со неколку долни удари, веројатно на крајот најдобро му послужи на Венс - кој што е искусен јавен говорник

Момент од дебатата на кандидатите за потпретседател на САД, републиканецот Џеј-Ди Венс и демократот Тим Волц | Принтскрин од видео на Си-Би-Ес објавено на платформата Јутјуб

Потпретседателската дебата во САД во вторникот вечерта меѓу републиканецот Џеј-Ди Венс и демократот Тим ​​Волц се чинеше како граѓански и релативно воздржан разговор за прашањата кои ги интересираат американските гласачи а се однесуваат на претседателските избори што ќе се одржат на 5 ноември.

Оттука, како што објави Би-Би-Си во својата анализа, ова дебата доста се разликуваше од двете претходни претседателски дебати оваа година.

Во дебатата која се емитувашпе на Си-Би-Ес, и републиканецот Венс и демократот Волц поминаа многу повеќе време напаѓајќи ги кандидатите за претседател (Доналд Трамп и Камала Харис) отколку што се напаѓаа меѓусебно, и севкупно земено тоа траеше повеќе од 90 минути.

Волц имаше несигурен почеток, но се засили кога зборуваше за абортусот и немирите во Капитол.

Рамномерната дебата фокусирана на политиката, со неколку долни удари, веројатно на крајот најдобро му послужи на Венс – кој што е искусен јавен говорник, пишува Би-Би-Си додавајќи дека ако Венс беше избран затоа што дава идеолошко месо на коските на конзервативниот популизам на Трамп, во вторникот вечерта тој додаде и учтив и понизен елемент.

„Нешто што го прават овие момци се многу тврдења дека ако Доналд Трамп стане претседател, сите овие ужасни последици ќе следат“, рече Венс и додаде дека „во реалноста, Доналд Трамп беше претседател. Инфлацијата беше ниска. Платите беа повисоки“.

Имаше моменти кога републиканскиот кандидат се спротивстави на, според него, неправедната проверка на факти од двајцата модератори на Си-Би-Ес, а во еден момент микрофоните на двајцата кандидати беа привремено исклучени.

Но, во најголем дел, размената на сцената беше изедначена.

И имаше неколку моменти кога двајцата мажи се сложија за одредени прашања – и го кажаа тоа јавно.

„Има многу заедничко овде“, рече Волц кон крајот на вечерта.

Кога Волц зборуваше за неговото искуство кога како 17-годишно момче бил сведок на пукање во неговата заедница, Венс изгледаше искрено загрижен.

„Жал ми е за тоа и се надевам дека е во ред“, рече тој додавајќи „Господи помилуј, тоа е страшно“.

Срдечно – но со неколку судири

Најжестоките несогласувања дојдоа кон крајот на дебатата, на темата за повторените и лажни тврдења на Трамп дека му биле украдени изборите во 2020 година.

Венс, го избегна прашањето дали Трамп ги загуби последните претседателски избори и ја критикуваше, како што рече, цензурата на Камала Харис.

Волц брзо забележа дека тоа е „проклето неодговорено“.

„Да се негира она што се случи на 6 јануари, кога за прв пат еден американски претседател или некој се обиде да поништи избори, ова мора да престане. Тоа ја распарчува нашата земја“, рече Волц.

Тој додаде дека единствената причина зошто Мајк Пенс, претходниот потпретседател на Трамп, не бил на сцената е затоа што ја потврдил победата на претседателот Џо Бајден.

Венс немаше одговор на тоа, истакнувајќи дека освен неговото пријателско однесување и согласност, тој нема да отстапи од позицијата на Трамп.

Два различни стилови

Венс и Волц влегоа во оваа дебата со различни сетови на вештини. Венс се скара со новинарите на телевизија во жестоки размени. Валц се чувствува како дома на сцената на предизборната кампања, користејќи го својот народен стил за разлика од префинетите политичари.

Во раниот дел од оваа дебата, од двајцата кандидати кои беа на подиумот во телевизиското студио во Њујорк, Венс изгледаше многу поудобно. Во неговите одговори на прашањата тој се држеше до поентите на републиканците постојано потсетувајќи ја публиката дека и покрај сите ветувања на потпретседателката Камала Харис, демократите се во Белата куќа во последните три и пол години.

„Ако Камала Харис има толку големи планови како да се справи со проблемите на средната класа, тогаш таа треба да ги оствари сега“, рече тој.

Валц, од своја страна, се чинеше дека е несигурен за почетната тема, а се занимаваше со иранскиот ракетен напад врз Израел и дали кандидатите ќе поддржат израелски превентивен напад врз Иран. Гувернерот на Минесота ретко зборува за надворешната политика, а неговата нелагодност да зборува на оваа тема беше очигледна.

Демократот се засили како што напредуваше дебатата, и за време на неговата размена со Венс на темата имиграција – област која им е силна страна на републиканците – и двајцата испорачаа добро усовршени пораки.

Венс ги отфрли обвинувањата дека ги засилил лажните тврдења за имигрантите од Хаити кои наводно крадат и јадат домашни миленици во Охајо.

„Луѓето за кои најмногу сум загрижен во Спрингфилд, Охајо, се американските граѓани на кои им беа уништени животите од граничната политика на Камала Харис“, рече тој.

Венс додаде дека недокументираната миграција ги оптоварува градските ресурси, ги зголемува цените и ги намалува платите.

Волц, пак, укажа на противењето на Трамп за предложениот двопартиски закон за справување со имиграцијата претходно оваа година.

„Верувам дека сенаторот Венс сака да го реши ова, но со тоа што ќе застане со Доналд Трамп и нема да работиме заедно за да најдеме решение, тоа станува тема за јавни говори, а кога тоа се случува, ние им ја одземаме човечноста и ги прикажуваме овие луѓе неправедно злобни“, рече Волц.

На темата за правото на абортус – во која демократите се посилни според анкетите – Венс беше тој што се бранеше, признавајќи дека републиканците треба да направат повеќе за да ја заслужат довербата на американските гласачи.

„Сакам ние како Републиканска партија да бидеме про-семејство во целосна смисла на зборот“, рече тој.

Иако Волц беше повеќе насочен кон темата за абортусот, тој не напаѓаше толку силно кога се зборуваше за контролата на оружјето.

Откако Венс рече дека е важно да се зголеми безбедноста во училиштата, со тоа што би се направиле направиле „посилни“ вратите и прозорците, Волц повеќе зборуваше за проверка на оние што се вооружуваат наместо да ги повтори повиците на демократите за забрана за продажба на автоматско оружје и други ограничувања на огненото оружје.

Како конгресмен, Волц редовно гласаше за правата на оружјето и против многу мерки за контрола на оружјето, добивајќи ја пофалбата на Националната асоцијација за оружје. За време на дебатата тој рече дека неговите ставови за контролата на оружјето се смениле по пукањето во училиштето во Сенди Хук во 2012 година, но некои демократи можеби се разочарани што не го притисна повеќе Венс на оваа тема.

Дали ова ќе влијае на изборите?

Американската политичка историја сугерира дека потпретседателските дебати навистина не се важни.

Во 1988 година, демократот Лојд Бентсен го растури републиканецот Ден Квејл. Неколку месеци подоцна, Квејл положи свечена заклетва како потпретседател, откако победи убедливо на изборите.

Можеби оваа дебата е слично ирелевантна за резултатите на изборите во ноември. Меѓутоа, доколку не се најави уште една дебата во последен момент, ова ќе биде последниот збор на двете партии на дебатната сцена пред денот на изборите.

Волц во оваа дебата не им наштети на изгледите на демократите и покажа дел од шармот на средниот запад што го направи него да биде изборан за кандидат за потпретседатл на Харис.

Но, силните поенти на Венс веројатно ќе ги поттикнат републиканците во деновите што следат да се одлучат да гласаат на изборите.

Џеј-Ди Венс, сенаторот од Охајо, има само 40 години и се чини дека тој има иднина во националната конзервативна политика со оглед на неговата способност јасно да ги прикаже нивните идеолошки приоритети.