Втор обид за пукање во Трамп, Бајден соопшти дека Тајната служба ќе ги има сите ресурси за да го заштити

Напаѓачот се наоѓал во грмушки во близина на имотот на теренот за голф, кога агентите на Тајната служба, кои расчистувале дупки пред местото каде што играл Трамп, забележале цевка од пушка од грмушките

-

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп е безбеден и неповреден откако агенти на американската тајна служба отвориле оган кога забележале лице со огнено оружје на теренот за голф западно од Палм Бич, каде што се наоѓа одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго.

Официјални лица информираа дека напаѓачот се наоѓал во грмушки во близина на имотот на теренот за голф, кога агентите на Тајната служба, кои расчистувале дупки пред местото каде што играл Трамп, забележале цевка од пушка од грмушките, пренесува Гардијан.

Агентите испукале најмалку четири куршуми, по што вооружениот напаѓач ја фрлил пушката и побегнал со црн автомобил „Нисан“, зад себе оставајќи два ранци, „Го-про“ камера и други предмети.

На прес-конференција, шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, рече дека еден осомничен маж бил приведен од властите. Според него, осомничениот бил релативно мирен.

Гардијан, Асошиејтед Прес, Фокс Њуз и Си-ен-ен, цитирајќи свои извори, информираа осомничениот е идентификуван како 58-годишниот Рајан Весли Рут.

ФБИ соопшти дека се чини оти инцидентот е „обид за атентат врз поранешниот претседател“.

Белата куќа објави соопштение во кое се вели дека претседателот Џо Бајден и заменик-претседателката Камала Харис биле информирани за инцидентот.

Бајден подоцна во посебна изјава соопшти дека го упатил својот тим да продолжи да гарантира дека „Тајната служба ги има сите ресурси, способности и заштитни мерки неопходни за да се обезбеди континуирана безбедност на поранешниот претседател“.

Во објава на социјалните мрежи, Камала Харис напиша дека „Насилството нема место во Америка“.

Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ им се заблагодари на Тајната служба и другите органи за спроведување на законот за нивната „неверојатна работа“ што го чуваат безбеден.

„Завршената работа беше апсолутно извонредна. Многу сум горд што сум Американец“, напиша Трамп откако рече дека имал „интересен ден“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...