Една фирма се пријавила да набави и монтира станица со компримиран воздух на Клинички

Ако фирмата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде потпишан договор, информира Министерството за здравство

-

На огласот за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух”, се пријавила една фирма, соопшти денеска Министерството за здравство. Оттаму информираат дека денеска извршиле јавно отворање преку електронскиот систем за јавни набавки.

„Пристигната е една понуда, за која во наредниот период во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, ако истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде потпишан договор“, информираат во Министерството за здравство.

Во меѓувреме, универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар, операционите сали работат со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух, како преодно решение.

Во хируршките сали интервенции се изведуваат само врз пациентите кои се итни случаи. Редовната работа и функционирање на операционите сали се наруши откако поради непријатна миризба, тие беа затворени. Поради колапсот, голем товар понесоа „8 Септември“ и Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на кои повеќекратно им се зголеми бројот на операции кои ги изведуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...