За една недела две лица починале од ковид

За една недела регистрирани сe 213 нови позитивни случаи на ковид-19, од вкупно 597 тестирани материјали

-

За една недела регистрирани сe 213 нови позитивни случаи на ковид-19, од вкупно 597 тестирани материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Ова е намалување од 21 отсто во однос на минатата недела. Со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Во текот на минатата недела, пријавени се две починати лица асоцирани со ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило 2 дози вакцина против ковид-19“, наведуваат во ИЈЗ.

Во текот на минатата недела, одделението за вирусологија спровело секвенционирало 9 примероци, а кај нив биле детектирани LB.1, KP.3, KP.2, KS.1.1, LB.1. KP.2 и KP.3 се моментално прогласени за варијанти под мониторинг од СЗО и нивната циркулација активно се следи на глобално нивo поради зголемениот број на позитивни случаи.

Досега вкупно во земјава се пријавени 351.577 ковид случаи, а регистрирани се 9.995 смртни случаи.

Мета викендов објави дека иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје.

Ова се случува иако портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ пред неколку дена, по состанокот на членовите на Комисијата, изјави дека треба да се вакцинираат сите лица кои имаат над 65 години и хронични болести, оти тие се со зголемен ризик да развијат тешка форма на болеста или да имаат смртен исход.

„Засега состојбата со ковид-19 не е алармантна кај нас и нема простор за паника кај граѓаните. Треба да се почитува куќниот ред за посета на здравствените установи. Да се вакцинираат сите лица кои имаат над 65 години и хронични болести, тие се со зголемен ризик за да развијат тешка форма на болеста или да има смртен исход“, рече Мехмедовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...