Тридневна жалост по авионска несреќа во Бразил

Бразилската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот, кој бил изграден во 2010 година, бил „во добра работна состојба, со валидни сертификати за регистрација и пловидбеност“

-

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која вчера загинаа 61 лице.

„Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во објава на Лула да Силва на социјалната мрежа „Х”.

Бразилската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот, кој бил изграден во 2010 година, бил „во добра работна состојба, со валидни сертификати за регистрација и пловидбеност“, објавува Би-би-си. 

Четворицата членови на екипажот во моментот на несреќата биле соодветно лиценцирани.

Болницата за рак на Уопека во Каскавел изјави за Би-Би-Си Бразил дека двајца нејзини лекари биле меѓу патниците кои починале.

Моментот на падот на патничкиот авион го посведочиле локални жители.

ИзворBBc

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...