Дарио Ивановски е првиот македонски маратонец во олимписката историја

Атлетичарот Дарио Ивановски денеска во Париз стана првиот македонски маратонец во историјата на олимписките игри.

-

Атлетичарот Дарио Ивановски стана првиот македонски маратонец во историјата на олимписките игри.

Ивановски го освои 69 место, заостанувајќи 21: 49 секунди зад олимпискиот победник и трчал со повреда на коленото.

Олимписки шампион на маратонот е Тамират Тола од Етиопија, кој ја заврши трката со 2:06,26. На второто место е Башир Абди од Белгија, а на третото Бенсон Кипруот од Кенија.

Ивановски по завршувањето на маратон изрази благодарност за поддршката.

„Почитувани Македонци, пред сè сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон, но и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно“, изјавува Ивановски по трката.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики...