Во Скопје направени 150 бесплатни тестирања на црн дроб, десетмина упатени на дополнителни прегледи

При тестирањето, кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш биле упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастро

-

Вчера, за само два и пол часа, од страна на мобилна медицинска екипа во Скопје биле направени 150 прегледи со фиброскен, соопшти Министерството за здравство, откако од вчера ја започна кампањата за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Заедничката кампања се спроведува во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и невладината „Хепар Центар – Битола“.

При тестирањето, кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш биле упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастро.

Мобилната екипа вчера попладне била лоцирана на градскиот плоштад во Куманово. Денеска, пак, ќе биде во Гостивар –  од 9 до 11 часот, а попладне можност за превентивен преглед, од 17:30 до 19:30 часот ќе имаат и граѓаните од Струмица.

Во следниот период, тестирањата ќе продолжат во Струга, Охрид, Битола и Кавадарци, соопштија од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...