Гори Источна Македонија, пожарите ја зедоа првата жртва

Пожарите започнаа во исто време, околу пладне, е ветерот придонесе тие да бидат тешки за гаснење, рече директорот на ЦУК Стојанче Ангелов

-

Пожари вчера попладнето се разгореа во 12 села низ земјава, а огнените стихии ја зедоа и првата жртва. Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, задушено од чад, во пожарот што го зафати селото. Сопругата на загинатиот е успешно евакуирана, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: ЦУК

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов попладнето беше во Светиниколскиот регион, каде што огнот навлезе во три села а опожарени беа и стари куќи, но и куќи во кои живее месно население во селата Немањици и Малино, како и викенд куќи на граѓани.

„Во текот на денот беснееја повеќе пожари во атарот на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места. Пожарите направија голема штета по имотот на луѓето од тие места. Во гасењето учестваа пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, ДПД Свети Николе, пожарникари од Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари за кој им се од срце заблагодарувам. Борбата ќе продолжи и во текот на ноќта… Да им дадеме безрезервна подршка“, соопшти градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев на својот профил на Фејсбук.

Ангелов изјави дека пожар се движи и кон градот Свети Николе но се надева оти пожарот ќе го пресечат доволно далеку од градот, со цел да не дојде до објектите што се дел од предградието.

„За жал, гореше цела Источна Македонија. Пожарите започнуваа од Општина Куманово, каде што беа зафатени три села, во Старо Негоричане исто три села, како и во Свети Николе, а во селото Малино изгореа дваесетина куќи од кои најголем дел се стари и напуштени. Пожари имаше и во Штип. Пожарите започнаа во исто време, околу пладне, е ветерот придонесе тие да бидат тешки за гаснење“, рече Ангелов.

Според ЦУК, на територијата на државата вчера имало вкупно 42 пожари на отворено, од кои 17 биле активни, а четири под контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема докази дека ОАЕ го замрзнале договорот за купување 80 француски борбени авиони

На страницата на Министерството за надворешни работи нема споменување на смрзнување на договор за борбени авиони, откако бил уапсен Павел Дуров, основачот на апликацијата Телеграм, наводно близок пријател на...