Пратеници во Македонија под притисок од Кина да не присуствуваат на конференција во Тајван

„Асошиејтед прес“ известува дека пратеници од пет други држави добивале телефонски повици и имејлови, во кои биле „советувани“ да не присуствуваат на конференцијата на ИПАК

-

Пратеници од најмалку шест земји, меќу кои и Северна Македонија, биле под притисок од Кина да не присуствуваат на конференцијата на Меѓупарламентарната Алијанса за Кина (ИПАК) во Тајван, открива „Асошиејтед прес“ (АП).

Претставници Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словачка, Боливија, Колумбија, и азиска земја, чиј претставник не сакаше да ја именува, за АП изјавиле дека добивале имејлови, повици и пораки од претставници од НР Кина во кои биле советувани да не учествуваат на конференцијата во Тајван.

На конференцијата на ИПАК се дискутираат политичките, економските и дипломатските односи со Кина. Се одржува секоја година, на годишницата на протестите и масакрот на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 година. Оваа година за првпат ќе се одржи во Тајван.

ИПАК долго време се соочува со притисок од кинеската влада: некои членови беа санкционирани од Пекинг, а во 2021 година, според САД, групата беше мета на хакери поддржани од Кина.

Но, директорот на алијансата Лук де Пулфорд вели дека притисокот од кинеските власти во изминатите неколку денови е без преседан. За време на минатите состаноци на ИПАК на други локации, кинеските дипломати обично им пристапувале на пратениците откако ќе завршела конференцијата. Оваа година се чини дека има координиран обид предвремено да се запрат учесниците да присуствуваат.

Мета на нападите бил македонскиот пратеник Антонио Милошоски.

„Јас сум Ву, од кинеската амбасада. Слушнавме дека сте добиле покана од ИПАК, ќе присуствувате ли на конференцијата што ќе се одржи следната недела во Тајван?“, гласела пораката пратена на Милошоски.

Други случаи, како тој во Босна и Херцеговина, биле уште подиректни.

„Тие стапија во контакт со претседателот на мојата партија и го замолија да не ми дозволи да патувам за Тајван. Тие се обидуваат, во мојата земја, да ме спречат да патувам. Ова навистина не е во ред. Се борам против земји или општества каде што стравот е алатката за манипулирање и контрола на луѓето“, открива Санела Клариќ, пратеничка во парламентот во БиХ.

Кина има долга историја на поставување притисок на земји кои изразуваат каква било поддршка за Тајван. Имено, во 2021 година, Пекинг го блокираше увозот од Литванија, членка и на ЕУ и на НАТО, откако таа ги прекрши дипломатските обичаи со тоа што се согласи тајванското претставништво во главниот град да го носи името Тајван наместо Кинески Тајпеј. Следната година, ЕУ усвои резолуција во која ги критикуваше постапките на Кина кон Тајван и презеде акција против Кина во Светската трговска организација поради ограничувањата на увозот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...