fbpx

СДСМ: Агенцијата за медиуми е под контрола на Груевски

-

Мнозинството во Агенцијата за медиуми денеска потврди дека и ова регулаторно тело е партиско тело контролирано од еден центар, канцеларијата на Никола Груевски, велат од СДСМ.

„Срамна и недозволива е денешната одлука што ја донесоа членовите под контрола на Груевски, со којашто е отфрлен предлогот да се побара од МРТВ објективно и професионално известување, во услови кога националниот сервис ги крши основните законски обврски за придржување кон начелата на вистинитост, политичка избалансираност, презентирање важни информации од интерес на граѓаните…
Одлуката на Агенцијата за медиуми покажува дека не само институциите во Македонија, туку и регулаторните тела, како што е ова тело, ДИК, Државната комисија за спречување на корупцијата, се под окупација на Груевски и на тесната група околу него и не можат да работат според должностите утврдени со закон, како контролни механизми на злоупотребите од власта“, се вели во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...