fbpx

ДИК: Партиите ќе треба да достават извештај со примени донации на нивните сметки

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница изгласаа неколку измени во роковникот за извршување на изборните дејствија

-

Политичките партии имаат обврска, на 11 ден од изборната кампања да достават извештај со образец за примени донации на трансакциска сметка. Ова е една од измените во роковникот за спроведување на изборите за претседател на државата, која на денешната седница ја усвоија членовите на Државната изборна комисија.

„Согласно последните измени на Изборниот законик, ДИК треба да го смени роковникот за извршување на изборните дејствија. Така, измените се однесуваат на точка 7.1 која се менува и гласи – учесникот во изборната камања е должен на 11 ден од кампањата, како и во рок од 1 ден за вторите избори, пред вториот круг на гласање, да достави извештај со образец за примени донации на сметка од изборната кампања. Се менува и точка 7.2, согласно која уесникот во кампања, еден ден по затворање на трансакциската сметка треба да достави извештај за примени донации за периодот од завршување на кампањата до затворање на трансакциската сметка во вториот круг“, појасни потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Исто така, овие извештаи партиите треба да ги поднесат до ДИК, ДКСК и до државниот завод за ревизија, а ќе мораат да ги објават и на своите веб-страни.

Во ДИК информираа и за измени во роковникот согласно кои, од моментот на потврдување на листите со кандидати, учесникот во изборната кампања не смее да троши од парите наменети за изборна кампања.

„И учесниците во изборите имаат право да организираат еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати“, додаде Шеху.

На седницата беше усвоено и барање поднесено од ОБСЕ за акредитација на набљудувачи на изборниот процес, за двата изборни циклуси. Претседателот Александар Даштевски кажа дека набљудувачите ќе имаат беџови кои ќе им послужат за идентификација, како и дека ќе мораат да го почитуваат Кодексот на домашни и странски набљудувачи усвоен од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...