fbpx

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот трае од 1 до 30 април

-

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година.

„Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна Македонија“, соопштува Министерството за култура.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот трае од 1 до 30 април.

Целиот конкурс е објавен на веб-страницата на Министерството за култура на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...