fbpx

Пендаровски: На изборите мора да демонстрираме професионалност, политичка коректност и зрелост

Делегацијата од ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа информирaла за целите на нивната предизборна мисија, како и за нивните активности, очекувања и улога во изборниот процес

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.

Тој кажал дека како земја која е членка на НАТО и како земја која претендира да стане членка на Европската Унија, неопходно е на претстојните избори да демонстрираме максимална професионалност од државните институции и политичка коректност и зрелост од страна на сите политички субјекти инволвирани во изборниот процес.

„На средбата беше разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија. Делегацијата од ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа информираше за целите на нивната предизборна мисија, како и за нивните активности, очекувања и улога во изборниот процес. На средбата беше изразено очекување дека претстојните претседателски и парламентарни избори ќе бидат фер, демократски и во мирна атмосфера, во целосна согласност со националното законодавство и меѓународните обврски и стандарди“, наведено е во соопштението од претседателскиот кабинет.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...