fbpx

Пишал расистички коментар на Фејсбук, а во полиција се правдал дека профилот му е хакиран

Против 36-годишниот прилепчанец е поднесена пријава за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“

-

СВР Тетово поднело кривична пријава против 36-годишен прилепчанец Х.Т.поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“.

„На 30.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост. Во службен разговор во полициска станица, пријавениот изјавил дека му бил хакиран профилот на социјалната мрежа, но било утврдено дека дал лажен исказ“, стои во полицискиот билтен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...