fbpx

Возел 146 километри на час на место каде што е дозволено 50 километри на час

Ова се случило на регионалниот пат Куманово - Скопје, во близина на с.Умин Дол, каде полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“

-

Денеска околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково.

Со специјално возило, т.н. „пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

„Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција“, известува МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џафери: Спроведовме фер, демократски, европски избори

Во прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери за работата на Владата изминатите сто дена под негово раководство, тој се осврна на успешниот изборен процес,...