fbpx

Во март ќе се одржи Фестивалот на франкофонијата со француски филмови, концерти и храна

Фестивалот ќе започне со прикажување на филмот „Страста на Доден Буфан“ во режија на Тран Ан Хунг, на 1 март во 20:00 часот, во киното Милениум

-

Во организација на Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Швајцарија, од 1 март до 4 април ќе се одржи Месецот на франкофонијата со културни активности во Скопје и во неколку други градови во земјава. За овој фестивал предвидена е разновидна програма за љубителите на франкофонската уметност, пишува Порталб.мк.

Во просториите на Јуроп Хаус во Скопје, амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Сирил Баумгартнер, амбасадорката на Швајцарија, Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел, го промовираа Фестивалот на франкофонијата, кој ќе трае во текот на месец март и почетокот на април. Во овој период планирани се културни активности, филмски проекции, изложби и концерти.

Амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Сирил Баумгартнер рече дека францускиот јазик се зборува во повеќе земји и дека го зборуваат околу 320 милиони луѓе во светот.

„Францускиот јазик го зборуваат околу 320 милиони луѓе во светот. Но, францускиот јазик не е само јазик на Франција, туку и на другите земји. Наши партнери за Франкофонијата во Скопје се амбасадите на Швајцарија, Романија, Грција, Албанија, почесните конзули на Белгија и Луксембург“, рече Баумгартнер.

Постерот на филмот „Страста на Доден Буфан“ во режија на Тран Ан Хунг, фото: Порталб.мк

Фестивалот ќе започне со прикажување на филмот „Страста на Доден Буфан“ во режија на Тран Ан Хунг, на 1 март во 20:00 часот, во киното Милениум.

Притоа, директорот на Францускиот институт во Скопје најави дека покрај овој филм, Собранието на млади франкофони ќе има и други активности, концерт ќе одржи швајцарскиот бенд „Хубрис“, ќе биде прикажан филмот на Неделата на франкофонијата, а ќе биде организиран и натпревар во изразно читање.

Освен тоа, ќе се оддржи и изложба во соработка со Националната галерија на Македонија „Рефлексии од Париз III“, а ќе биде организирана и музичка вечер „Лето и музика“.

Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација за франкофонија од 2006 година, а во неа членуваат 88 земји.

Повеќе информации за планираните активности можете да прочитате: ТУКА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...