fbpx

МВР: Промената на возачките и сообраќајните е бесплатна, но мора да се плати административната такса

Од ова Министерство велат дека ќе предложат измена на законот, со цел да се укине и плаќањето на административната такса

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека, согласно Решението за цените на обрасците што ги издава, возачките и сообраќајните дозволи со името „Република Македонија“ кои сè уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци. Вака ќе биде до 31 декември 2024 година,

Сепак, велат од МВР, за истите документи пропишана е административна такса која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој сè уште нема претрпено измени во тој дел.

Од ова Министерство велат дека ќе предложат измена на законот, со цел да се укине и плаќањето на административната такса.

Оваа административна такса за замена на возачките дозволи чини 170 денари, а за издавање на сообраќајна дозвола 50 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Во првите три месеци од оваа календарска година, општините во државата пријавиле вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра, пишува „Порталб“. Во споредба со декември...