fbpx

Јавниот превоз во Скопје денеска функционира, вработените ќе земат плата

Синдикатот на ЈСП утрово бил известен дека вработените во текот на денот ќе ги добијат платите

-

Автобусите на ЈСП Скопје утрово сообраќаат на улиците, и покрај вчерашната најава на синдикатот на претпријатието дека јавниот превоз денес нема да функционира поради неисплатени плати.

Претседателот на синдикатот Миќо Стојановски вчера рече дека вработените не ги добиле јануарските плати заклучно со 15 во месецот, според законскиот рок.

„Чекавме до 14:30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП и да легнат на сметката на вработените, но тоа не се случи. Не се договоривме така со градоначалничката и со директорот. Советот на Град Скопје ја заврши својата работа, ја донесе одлуката за субвенции на ЈСП. Остана сега уште парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок“, изјави Стојановски на прес-конференција вчера.

Синдикатот, сепак, утрово бил известен дека вработените во текот на денот ќе ги добијат платите.

Вчера вечерта од ЈСП Скопје во соопштение до медиумите порачаа дека платите не доцнеле и се исплаќале „редовно“ и обвинија дека „постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“.

Вработените во ЈСП штрајкуваа и претходниот месец, бидејќи немаа земено плата за месец декември. Дента во главниот град настана сообраќаен хаос, до такси возила беше речиси невозможно да се дојде, а се жалеа и студентите кои имаа испити и колоквиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...