fbpx

Утврдена повреда на слободата на јавно изразување на Горан Трпеноски на 27 април 2017

Според Уставниот суд слободата на медиумите како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и примање, пренесување на информации, што претставува една од основите на демократското општество

-

Уставниот суд на денешната седница утврдил повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Горан Трпеноски на основа на членот 110 алинеја 3 од Уставот.

Според Судот, подносителот на барањето, какo новинар вработен во дигиталната редакција www.sdk.mk, заедно со други новинари, бил присутен во зградата на Собранието на 27 април 2017, со задача да известува за случувањата околу изборот на нов претседател на Собранието, како прашање од јавен интерес, на начин што е вообичаен за известување на медиумите за работата на Собранието.

Подносителот на барањето, бил оневозможен како новинар да ги изрази своите мислења и идеи без страв, на начин што од страна на државата не била исполнета нејзината позитивна обврска – да го заштити подносителот на барањето во наведените вонредни и насилни околности и да овозможи да ја информира јавноста за настаните во Собранието, информира Уставниот суд.

Ова е пропуштено да се утврди со пресудите на Граѓанскиот и на Апелациониот суд, со што е сторена повреда на неговата слобода на мислата и јавното изразување на мислата гарантирана со член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и член 16 од Уставот на Република Северна Македонија.

Според Уставниот суд слободата на медиумите како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и примање, пренесување на информации, што претставува една од основите на демократското општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и другите општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење за секое општество.

Ова имплицира слобода на медиумите да добиваат информации врз основа на кои тие ќе можат да ја остваруваат својата улога, да коментираат и известуваат за сите значајни прашања од јавен интерес, без граничувања со цел информирање на јавноста, се вели во соопштението од Уставен суд

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Агелер: Честитки за историскиот избор на прва жена претседателка

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, преку објава на „Икс“ ѝ честиташе победа на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за...