fbpx

Во Кичево стапуваат заштитни мерки поради алармантно ниво на загадување

Мерките стапиле во сила откако нивото на ПМ10 честички во кичевскиот воздух два дена по ред надминало 150 мг на кубен метар

-

Поради високото ниво на загадување, во Кичево стапуваат на сила мерки и препораки со цел заштитување на здравјето на граѓаните, извести Министерството за животната средина и просторно планирање.

Мерките вклучуваат ослободување од работа за бремените жени и лицата постари од 60 години, како и скратувањето на работното време на половина за тие кои работат на отворено.

Во Кичево е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, односно надмината е вредноста од 150 мг на кубен метар во текот на два последователни денови. Забележана е вредност од 155,44 на 23 јануари, а вредност од 150,99 на 24 јануари во западномакедонскиот град.

Покрај споменатите мерки се препорачува и да не се одржуваат спортски настани и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, вработените во јавните институции да ја намалат употребата на службени возила до 50 отсто, како и да се обезбедат прифатилишта за бездомници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на евроинтеграциите

Бугарскиот претседател Румен Радев коментира дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. Тој, како што пренесува...