fbpx

Новата влада по изборите ќе бара чаре за изградбата на „Чебрен“

Ваквиот епилог следи откако министерката за животна средина Каја Шукова вчера информираше дека пропаднал 14-тиот тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“

-

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека не е реално пред изборите да се очекува нов, 15-ти по ред тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Тој рече дека ниту владата ќе стигне да го објави новиот оглас, ниту пак инвеститорите ќе сакаат да инвестираат во период на избори.

„За овој проект е дискутирано на Влада. Тој е дел од Стратегијата за енергетика и постапено е од страна на Владата во согласност со тие стратешки документи. Кога повторно ќе се распише, ќе се оцени во однос на следните чекори, а веројатно сега пред избори, оваа година, не е толку реалистички да се ветува дека ќе стигнеме да објавиме оглас“, изјави Бесими.

Неговата изјава следи откако министерката за животна средина Каја Шукова вчера информираше дека пропадна 14-тиот тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Таа рече дека грчката компанија „Архиродон“, која требаше да го потпише договорот за заедничко вложување со АД ЕСМ, не ја продолжила банкарската гаранција која истекла на 31 декември 2023 година, со што нејзината понуда автоматски станала неважечка.

„Компанијата упати жалба и бараше дополнителни услови за обезбедување подобри можности за да обезбеди средства како банкарски заеми со кои ќе ја гради хидроелектраната. Владата го одби барањето бидејќи тие дополнителни услови не беа дел од тендерската документација, и со тоа ќе создадеше ситуација на нерамноправност за другите учесници во тендерот“, изјави вчера министерката за животна средина Шукова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...