fbpx

Изборот на седмиот член на ДИК заглавен во Собранието

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вели дека штом стигне до предлогот за назначување на седмиот член на ДИК ќе го стави на собраниска седница, но потсети дека за неговиот избор треба да се обезбеди двотретинско мнозинство

-

Изборот на седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК) ќе се усвои по новогодишните празници. Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вели дека штом стигне до него предлогот за назначување на седмиот член на ДИК ќе го стави на собраниска седница, но потсети дека за неговиот избор треба да се обезбеди двотретинско мнозинство.

Изминатиов период изборот на членот на ДИК беше заглавен во собраниската Комисија за избори и именувања, каде во постојани расправи и тензична атмосфера не може да се постигне согласност меѓу партиите околу изборот. Од албанскиот опозициски блок – Беса, Алтернативна и Демократско движење најавија дека ќе го бојкотираат Собранието на РСМ ако не се прифати нивниот предлог-член за ДИК. Тие најавија протести, па дури и проблематизирање на изборниот процес.

Како два предлога за идни членови на ДИК се Абдуш Демири, кој го предложија Беса, Алтернатива и Демократско движење и Зулфи Адили кој е подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.

Талат Џафери вели дека е можно и двајца кандидати за член на ДИК да се најдат на гласање на пленарна седница, но ако ниту еден од нив не го добие двотретинското мнозинство во Собранието на РСМ, тогаш изборот ќе пропадне. Во овој случај Џафери вели дека има време да се распише нов оглас. Истовремено, Џафери истакна дека испразнетото место во ДИК не може да го доведе во прашање легитимитетот на изборниот процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...