fbpx

Врховен го одби Груевски, му остануваат 9 години затвор за „Плацевите на Водно”

Со пресудата на Апелациониот суд, покрај 9-годишната затворска казна за Груевски, условна казна затвор доби и Сашо Мијалков

-

Врховниот суд го одби барањето на порaнешниот премиер, Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Плацеви на Водно”. Со оваа одлука, се потврдува деветгодишната затворска казна што ја потврди Апелациониот суд Скопје и сите правни лекови за Груевски во земјава се исцрпени.

Со пресудата на Апелациониот суд, покрај 9-годишната затворска казна за Груевски, условна казна затвор доби и Сашо Мијалков.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано“, соопшти Врховниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Агелер: Честитки за историскиот избор на прва жена претседателка

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, преку објава на „Икс“ ѝ честиташе победа на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за...