fbpx

Израелските сили го бомбардирале домот на лидерот на Хамас

Израелските сили се повлекле од најголемата болница во Газа Ал-Шифа, откако вчера влегоа во неа со тенкови, тврдејќи дека е база за Хамас

-

Израелските одбранбени сили (IDF) најавија дека со воздушен напад го нападнале домот на Исмаил Ханијех, кој се смета за лидерот на Хамас, известува Би-би-си. Според IDF, домот служел како база за терористите. Сè уште се откриваат детали за нападот.

Ханијех моментално живее во Катар, а во 2006 година служел како премиер на Палестина. Моментално го води политичкото биро на Хамас.

Инаку, по средба со претседателот на Кина Сји Ѓинпинг, американскиот претседател Џо Бајден вели дека има „некоја надеж“ дека ќе се ослободат заложниците, кои Хамас ги заробија на нападот на 7 октомври, известува Еуроњуз. Бајден ги поздрави напорите на Катар како меѓународен посредник меѓу Хамас и Израел.

Израелските сили се повлекле од најголемата болница во Газа Ал-Шифа, откако вчера влегоа во неа со тенкови, тврдејќи дека е база за Хамас. IDF објавија видео во коешто ги покажуваат оружјата кои ги нашле во болницата. Но, моментално нема новинар со пристап до болницата, односно не може засега независно да се потврди оваа информација.

Истовремено, продолжува силен дожд во Кан Јунис, што претставува сериозен проблем за привремените шатори во кои живеат голем број на внатрешно раселени лица. Повеќето луѓе спијат на земја, а и времето станува поладно, што е дополнителен предизвик за раселените лица, кои спијат на отворено.

Според палестинските новински агенции, имало и воздушен напад вечерта, во кој умреле 50 цивили. IDF нема коментирано за нападот, а Би-би-си не можеле да ги потврдат известувањата.

Дополнително, Советот за безбедност на Обединетите нации изгласа резолуција која бара итно да се воведат „хуманитарни паузи“ во Газа и да се ослободат сите заложници. Сите членки гласаа за резолуцијата, освен САД, Русија и Обединетото кралство гласаа воздржано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УКИМ се држи „за влакно“ – останува на 1.990 место меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за...