fbpx

ОЈО: Градоначалникот Стевчо Јакимовски добивал закани по живот, поднесена е пријава

Додека Јакимовски го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството

-

Основното јавно обвинителство повело постапка против 60-годишен скопјанец, под сомнеж дека му се заканувал на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски дека ќе го убие и ќе му го уништи животот.

ОЈО Скопје го сомничи скопјанецот за кривичното дело – загрозување на сигурноста.

На 4 октомври, според обвинителството, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство и без причина прво почнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.

Истиот ден, во вечерните часови, велат од обвинителството, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако Јакимовски го прекинал телефонскиот разговор, скопјанецот продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликацијата.

„Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството“, се вели во соопштението на ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител на судот му предложил да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...