fbpx

,,Куќа на сеќавањата и заборавот“ од Филип Давид на македонски јазик

-

Романот на познатиот белградски писател Филип Давид, ,,Куќа на сеќавањата и заборавот“, само еден и пол месец откако ја доби престижната награда на неделникот „НИН“ за роман на годината, се појави на македонски јазик.

Издавач на овој роман е ,,Везилка 2011“, а преводот на македонски јазик го направи писателот Ристо Лазаров, кој е автор и на поговорната белешка.

Романот ,,Куќа на сеќавањата и заборавот“ веќе се преведува и ќе биде објавен во сите поранени југословенски центри, а најавен е и превод на повеќе од десетина јазици во светот. Во Белград романот предизвика огромен интерес и доживеа извонреден успех и четири изданија со вкупен тираж поголем од 50.000 примероци.

,,Куќа на сеќавањата и заборавот“ e одличен роман, напишан едноставно и говори за трагичната судбина на Евреите и за мрачните времиња на холокаустот, концентрационите логори, нацизмот и за фашизмот, низ потресните приказни кои, маестрално компонирани, затвораат еден круг на злото. Романот е, всушност, литературно сведоштво за мрачните времиња и за злото.

,,Kуќа на сеќавањата и заборавот“, како што забележува во поговорот Ристо Лазаров, конечно го ситуира Филип Давид таму каде што му е местото, меѓу добитниците на престижната награда на „НИН“, веднаш до неговите најдобри другари и браќа по перо – Данило Киш, Борислав Пекиќ и Мирко Ковач. Сo тоа уверливо се потврди постоењето на големата четворка во поранешната југословенска литература: Киш, Ковач, Пекиќ и Давид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...