Најмалку две лица загинаа во вооружен напад на ресторан во Гетеборг, на југот на Шведска.

Еден од сведоците за државната телевизија изјави дека двајца мажи упаднале во ресторанот и отвориле оган од автоматско оружје.

Полицијата потврдила дека е употребено автоматско оружје, а во истрагата случајот е квалификуван како „убиство и обид за убиство“.

Се сомнева дека за нападот се одговорни вооружени банди кои дејствуваат околу Гетеборг, вториот по големина град во Шведска.