fbpx

Штрајкот на судската администрација во мирување, но протестите ќе продолжат

Доколку во законскиот рок за дијалог не бидат исполнети барања на судската администрација, тогаш тие се заканија дека ќе организираат генерален штрајк

-

Наместо да почнат со штрајк, стотиците вработени во судската администрација сепак се одлучија да продолжат со преговори со надлежните власти во врска со нивното барање за зголемување на платите. Наместо штрајк и заканите со прекин на нивната работа, администрацијата во судовите ќе продолжи со работа во наредните денови. Но, тие ќе продолжат и со организирањето протести – следниот веќе ќе организираат за утре пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Доколку во законскиот рок за дијалог не бидат исполнети барања на судската администрација, тогаш тие се заканија дека ќе организираат генерален штрајк.

Вработените во судската администрација бараат зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД: Израел веројатно го прекршил меѓународното право со користење американско оружје во Газа

Продолжува евакуацијата на жителите на градот Рафах во Појасот Газа. Израелската армија денеска побара евакуација од жителите во источниот дел на градот и неговиот центар. Во тие делови на...