fbpx

Меџити во посета на Клиниката за онкологија: Терапијата е соодветна и нема злоупотреби

Посетата на Меџити на оваа клиника следи по бројните реакции во јавноста во однос на сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија

-

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово присуствувал на стручниот онколошки колегиум на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот, информираат од Министерството за здравство.

Министерот Меџити со лекарите разговарал за воспоставениот систем на работа на оваа клиника од скопскиот Клинички центар, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.

Клиниката за онкологија има воведено нов начин на работа од ноември лани, при што конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои би требало да им се дава биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија.

На овој начин, исклучена е можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија. За аплицирање на назначената терапија постои уредна евиденција во амбулантниот дневник кој се води во дневната болница, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

На клиниката се води и електронска евиденција за контрола на секој лек кој влегува во складот. Во електронската евиденција на оваа клиника за секој лек постои „картица на артикл”, кој ги содржи следните податоци: име и презиме на пациент, број на евидентиран преглед, датум на преглед, датум на апликација на лек, количина на лек.

Министерот на состанокот упати апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, со оглед на случувањата поврзани со Онкологија, кои иако во минатото, сепак раѓаат загриженост. Лекарите на состанокот побарале да бидат заштитени од генерализирање на одговорност и од јавниот линч, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи, посочува Министерството за здравство.

По средбата со стручниот колегиум, министерот Меџити на Клиниката оствари средба со повеќе пациенти, на кои им посочил дека не треба да се сомневаат во квалитетот на терапијата и професионалноста на лекарите на Онкологија.

Посетата на Меџити на оваа клиника следи по бројните реакции во јавноста во однос на сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија.

Не стивнуваат реакциите по обелоденетиот скандал на Клиниката за онкологија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...