fbpx

ЕУ санкционира уште седум руски физички лица и пет субјекти за ширење дезинформации за војната

Европската унија санкционираше уште седум руски физички лица и пет ентитети за наводна вмешаност во онлајн кампања за ширење дезинформации за поддршка на војната во Украина.

-

Европската унија санкционираше уште седум руски физички лица и пет ентитети за наводна вмешаност во онлајн кампања за ширење дезинформации за поддршка на војната во Украина, јавува агенцијата Анадолија.

Советот на ЕУ во соопштение посочи седум руски поединци и пет субјекти за спроведување на кампања за манипулација со дигитални информации наречена „RRN“ (Recent Reliable News), која имала „за цел да ги искривува информациите и да шири пропаганда за поддршка на руската агресија против Украина. ”

Кампањата вклучува лажни веб-страници кои имитираат национални медиуми и владини веб-страници, како и лажни профили на социјалните медиуми, се вели во соопштението.

„Насочени сме кон оние кои манипулираат со информации како дел од пошироката хибридна кампања на Русија против ЕУ и земјите-членки“, рече во изјавата високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Санкциите се насочени кон веб-страницата „Инфорос“ поврзана со руската војска и тројца нејзини основачи, како и непрофитната организација АНО Дијалог, Институтот на руската дијаспора и Агенцијата за социјален дизајн, две руски ИТ компании вклучени во кампањата „RRN“и истакнати претставници на овие субјекти, се вели во соопштението.

Според Советот на ЕУ, санкциите сега се применети на 1.800 руски физички лица и ентитети и вклучуваат замрзнување на имот, забрана на средства и забрана за патување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...