fbpx

Бензинот и дизелот од полноќ поскапуваат за два денари

Цената на Мазутот исто така е покачена

-

Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница. РКЕ соопшти дека зголемувањето е последица на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Покачените цени ќе изнесуваат 84,5 денари за литар Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 ќе биде 86,5 денари, дизелот ќе биде 74,5 денари за литар а Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 73,5 денари за литар.

Цената на Мазутот исто така е покачена и ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Покачувањата ги зголемија цените на нафтените деривати во просек за 2,72 проценти.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...