fbpx

Дизелот ноќеска поскапува за два денари

-

Цената на литар дизел ноќеска на полноќ ќе биде 72,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Оттаму информираат дека цените на бензините остануваат исти.

„РКЕ одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во однос на одлуката од 10 јули. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,8 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,7 отсто“, информираат оттаму.

Цената на литар бензин Еуросупер БС 95 е 80 денари, а Еуросупер 98 чини 82 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патник загина во турбуленција на летот Лондон-Сингапур, 30 се повредени

Еден патник загина, а повеќе од 30 се повредени во авионот на Сингапур Ерлајнс кој летал од Лондон за Сингапур, а кој бил под влијание на голема турбуленција, пренесе...